6.8 C
Скопје
09:35 - 1 април, 2026

Јелена Карлеуша ја отследи Марија Шерифовиќ на Инстаграм: Еден потег многу ја погодил

Се чини дека  Јелена Карлеуша решила да го прекине контактот со сите членови на жирито на шоуто „Ѕвезде Градна“ во кое со години таа беше член. Имено, Карлеуша сега ја отследи Марија Шерифовиќ, на Инстаграм, иако ѝ беше најдобра пријателка во шоуто.

Како што може да се види на инстаграм профилот на Јелена, на листата на луѓе кои таа ги следи веќе го нема профилот на Шерифовиќ. Од друга страна, Марија сѐ уште ја следи Јелена на оваа социјална мрежа.

За време на ангажаманот на Јелена во натпреварувачкото шоу, таа беше најблиска со Марија. Тие две и покрај конфликтите секогаш кажуваа како се поддржуваат, а по заминувањето на Јелена од „Ѕвезда Гранда“, Марија објави и емотивна фотографија на Инстаграм.

Причината поради која Јелена го направила овој потег, веројатно се крие во тоа што, таа неодамна ги објави двата нови албуми „Алфа“ и „Омега“, после 11 години музичка пауза, а нејзината пријателка не се потрудила ни да ѝ честита.

Бројни колеги јавно и честитале и ѝ пружиле поддршка, како приватно така и на социјалните мрежи и другите медиуми, но убавите зборови од Марија Шерифовиќ изостанале. Како што се зборува, Јелена од Марија не добила ниту една порака за поддршка или честитка, што прилично ја погодило и разочарало Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....