3.8 C
Скопје
07:48 - 14 март, 2026

„Јас би ја шамарал Карлеуша, доминантен сум!“: Десингерица ѝ возврати на пејачката

Драгомир Деспиќ Десингерица веќе подолго време е во центарот на медиумските случувања. Неговите настапи се честа тема за коментар, откако се појавија видеа на кои тој ја полева публиката со алкохол, фрла излитени чорапи и ги удира по главата со патики, што многу јавни личности го сметаат за непримерно.

Неодамна го коментираше и Јелена Карлеуша, која за разлика од другите колеги од естрадата – му испрати убави зборови, па дури и сакаше дует со него.

– Мислам дека би му удрила шамар и би му се допаднало. Публиката би била во транс. Тоа момче е единственото кое има енергија да може да се совпадне. Сега треба да го најде следниот чекор. Тоа е нешто што го барам од изведувач, да има вулканска енергија. Не сакам лигавост и млаки луѓе – изјавила пејачката за Деспиќ.

Десингерица сега ѝ возврати на пејчаката, па одговори на нејзините убави зборови.

– Јас би ја шамарал Карлеуша (се смее). Јас сум доминанте тип.. Откако таа јавно ме коментираше, сите луѓе ме контактираат со реченицата „кога ќе биде дуетот“ –  збореше раперот за телевизијата Хајп.

Искоментира и за заедничка соработка со Карлеуша.

– Ќе направиме нешто. Штом најдам време за да ѝ се посветам, да знам како сакам да звучи, да има демо и тоа… Ќе се случи. Тоа е добар гас, некако ми даде домашна задача. Таа ги демонизираше масите – рече тој.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....