21.8 C
Скопје
13:03 - 3 октомври, 2026

„Ја почитувам Карлеуша, сè прави промислено!“: Војаж заборави на „војната“ со Јелена, не го крие воодушевувањето

Пејачот Михајло Веруовиќ Војаж ја коментираше музичката ѕвезда Јелена Карлеуша и нивниот турбулентен однос.

Имено, Јелена е позната по тоа што нема влакна на јазикот, особено кога се работи за луѓе со кои не е во добри односи, како што е, на пример, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Така таа неодамна го коментираше дуетот „Мушкарчина“ што нејзиниот ривал го сними со Војаж, со кој и Јелена имаше несогласувања, нарекувајќи го најлош досега.

Ниту Војаж не ѝ остана должен на музичката ѕвезда, па ја коментираше слушаноста на нејзините албуми, а сега пејачот повторно зборуваше за Карлеуша, но со многу пофални зборови.

-Ја почитувам Карлеуша. Мислам, тоа го кажувам од самиот почеток. Таа се налути затоа што искоментирав, дадов мое лично мислење, дека првиот дел од нејзиниот албум не е добар како вториот. Вториот дел од албумот има песни кои се навистина феноменални и тоа го имам истакнато неколку пати. Но, имам голема почит кон неа. Таа има многу голема кариера и постои долго време. И таа навистина знае што прави, и во што сум 100 отсто сигурен е дека без разлика како изгледа сега… Некаде длабоко во себе верувам дека се што прави го прави промислено и со перформанси. Не верувам дека во сите милиони што ги има и во луксузниот живот што го живее, без грижи, со прекрасно семејство, навистина и е грижа што прави Војаж или што прави некој. Мислам дека го прави тоа затоа што знае како треба да се направи настап и затоа ја почитувам – рекол Војаж, пренесува Телеграф.рс.

Слични објави

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.

„Мојот татко не умре од природна смрт“: Лепа Брена во емотивна исповед раскажа за семејната трагедија и борбата низ животот

Е.А.

Појадок напладне, вечера доцна навечер — нередовните оброци за време на викендот може да му штетат на машкото срце

Еспресо
Се вчитува....