5.8 C
Скопје
06:18 - 1 април, 2026

Исидора ја плати казната откако Сергеј Трифуновиќ ја пријави: Еве за која сума станува збор!

Откако минатата недела српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повика полиција и ја обвини сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, таа беше приведена и осудена на парична казна.

Исидора е осудена според Законот за странци на парична казна за нелегален престој во Србија, па ја платила казната. Инаку, Исидора е државјанка на Хрватска.

– Исидора е осудена на парична казна во износ од 20.000 динари која веднаш ја платила. Не верувам дека ќе ја напушти државата, нивниот однос е таков, денес се добри, утре не се. Сепак, се сакаат – изјавил извор за српски „Телеграф“.

Инаку, според Законот 27 за странци за непријавување на живеалиште предвидена е казна од 10.000 – 50.000 динари.

Како што се наведува, актерот на секој начин се обидува да го реши проблемот со сопругата, а исто така нема мир од повиците на пријателите, јавуваат српските медиуми.

Неговите соседи за „Блиц“ откриле дека Сергеј постојано го гледале заедно со Исидора и дека ништо на навестувало дека ќе дојде до тоа тој да ја пријави во полиција.

– Ми изгледаа како хармоничен пар, постојано беа заедно, го шетаа неговото куче. Што се случило, само тие знаат – раскажал неговиот сосед, додека друг сосед среде ноќ го видел актерот на тераса.

– Го видов Сергеј на тераса, шеташе, таму помина половина ноќ. Тој излегува надвор само рано наутро и доцна навечер кога нема никој… И нему не му е сеедно, сигурно се покајал што ја пријавил. Најлошо е кога човек ќе направи нешто набрзина, а сега нема враќање назад. Ќе видиме што ќе биде понатаму – изјавила сосетката за „Блиц“.

Да потсетиме, Сергеј пред неколку дена сподели фотомонтажа со ликот на Исидора на која ја гледаме како му удира шлаканици.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....