06:41 - 11 ноември, 2026

Исфрлила само една намирница од исхраната: Тамара Драгичевиќ и по трите породувања има совршена фигура

Српската актерка Тамара Драгичевиќ има три деца со нејзиниот сопруг и колега Петар Бенчина, а и по три породувања може да се пофали со совршена фигура.

Тамара во една прилика откри како се храни и истакна дека секогаш е правило да не се јаде доцна, а лебот целосно го исфрлила од исхраната.

-Јадам сè, никогаш не сум била на диета. Фала му на Бога, не седам во канцеларија, туку постојано сум во движење и брзам и редовно настапувам во театар. Го исклучив белиот леб од исхраната и не јадам многу навечер. Тоа е единствената тајна на мојата фигура – изјавила актерката Тамара Драгичевиќ.

– Немам посебен режим на исхрана, но на летни температури најмногу сакам салати, ладен зеленчук, овошје. Ја сакам мексиканската и кинеската кујна. Многу сакам суши. Имав можност да ја посетам Кина и да пробам многу од нивните специјалитети. Бидејќи сакам да експериментирам и да пробувам сè, не можев да одолеам да ја пробам нивната позната супа од морски краставици во Кина, која многу ми се допадна. Кинеската кујна се базира на јака и зачинета храна, а куриозитет е што немаат десерти, служат само сладок компир како десерт. Инаку јас сум гурман и многу сакам топла и кисела храна, а на листата на омилени јадења ми се чварки, пача, џигер… Не сум пребирлива, јадам скоро сè. Мене готвењето на баба ми и мајка ми е ненадминато, нема подобар ручек од домашна супа и ринглајша. Кога ми дозволуваат обврските, сакам сама да готвам нешто и доста добро се снаоѓам за почетник. Поради мојата работа често немам време за тоа, па во тој случај рестораните ми се алтернатива – изјавила таа во една прилика.

Тамара истакна и дека редовно вежба и често вози велосипед, а љубител е и на скијањето.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....