00:21 - 2 април, 2026

Интернет ја презеде одбраната на Џони Деп: „Амбер Херд е манипулаторка желна за пари“

Видеата со клипови од судењето кои кружат на интернет се „за“ Џони Деп. Амбер Херд е опишана како манипулаторка во потрага по пари.

За оние кои сè уште не знаат, Џони Деп и Амбер Херд се на суд откако холивудскиот актер ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета, по едиторијалот во Вашингтон пост кој се појави во 2018 година, во кој актерката раскажува за претрпено семејно малтретирање.

Судењето започна на 11 април, (на 9 април, Амбер Херд објави на својата страница на Инстаграм дека ќе остане офлајн додека трае судењето). Некои снимки од сведочењата објавени од двајцата актери кружеа на Интернет, особено на Јутјуб, Тик ток и Инстаграм. Коментарите што ги оставаат следбениците на различните социјални мрежи во огромно мнозинство се „про“ Џони Деп. Тие се движат од „Free Johhny“ до „Justice for Johnny Depp“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Но, следбениците не се ограничуваат на овие фрази. Всушност, многу корисници беснеат против Амбер Херд, во алармантно крешендо на омраза.

„Едноставно не можам да разберам како човек може бесрамно да лаже на ова ниво, особено во судница, уништувајќи го животот на невин човек само за своја корист. Има нешто нехумано “, пишува корисник на Јутјуб. А друг додава: „Една по друга лага. Начинот на кој сè уште ја поддржуваат луѓето е одвратен. Таа никогаш немала докази, за ​​разлика од Џони. Но, од фактот што плачеше, изгледа дека таа е жртвата.“

Според експертите пак, кои внимателно го следат случајот, премногу е лесно да се потпреме на коментарите на социјалните мрежи кои се во ползаЏони Деп. Без разлика на доказите што ги изнесуваше во судницата во оваа афера, подедкавко точно е дека од судењето на Деп и Херд, но и од другите учесници во судницата кои беа сослушани, произлегува портрет на човек кој се бори со сериозни зависности од алкохол и дрога. За останатото, ќе треба да почекаме да заврши судењето пред да се (за)мрази Амбер.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....