-4.2 C
Скопје
05:16 - 19 февруари, 2026

ИНСПИРИРАНА ОД КЛАУДИЈА ШИФЕР: Никол Пелц му кажа „да“ на Бруклин Бекам со коса а-ла супермоделката од 90.те

Американската актерка за венчавката во својата приморска вила на Палм Бич побара од својот омилен фризер да ѝ направи фризура во стилот на 90-тите. И тоа – иснпирирана од супермоделката Клаудија Шифер.

Никол Пелц официјално му се придружи на кланот Бекам со најочекуваната венчавка оваа пролет. 27-годишната американска актерка му кажа „да“ на својот Бруклин во најшик и романтичен невестински изглед досега. Но, косата е инспирирана од деведесеттите години, односно од стилот на Клаудија Шифер.

Клаудија Шифер, фото – инстаграм

Денес сите зборуваат за раскошната венчавка која се одржа на 9 април во Палм Бич, Флорида. Раскошна венчавка (зборуваме за трошок од околу 3 милиони долари) на која присуствуваа многу познати личности од Серена Вилијамс до Гордон Ремзи и до Ева Лонгорија. Но, главна тема очигледно е венчаницата со француски превез од тантела од Maison Valentino (со сета почит кон свекрвата/дизајнерката Викторија Бекам) во комбинација со фризурата инспирирана од 90-тите години.

Нејзниот омилен фризер Адир Абергел отворено проговоре за британскиот Вог:

„За да одлучам за фризурата за свадбата, Никол ми испрати многу слики од Клаудија Шифер на почеток на нејзината кариера“.

За гламурниот настан, Никол Пелц избрала природна шминка,  додека во центарот на вниманието е полусобраната фризура со патец во средината и нежни шишки. Бојата на коса е одбрана –  скандинавски руса, нијанса која одлично прилега на нејзините кафени веѓи.

„Идејата беше да добиеме мека но волуминозна коса, со одредено движење, но чиста и уредна“, објаснува фризерот и близок пријател на Пелц. Тој морал да земе предвид и еден многу важен фактор: типичната влажност на брегот на Флорида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Lee (@kateleemakeup)

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....