7.8 C
Скопје
22:47 - 30 март, 2026

(Фото) Име кое носи надеж: Роналдо и Георгина објавија како се вика ќеркичата; први фотографии од бебето

Двојката на социјалните мрежи го објави името на девојчето, заедно со првите фотографии по породувањето. 

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез го објавија името на нивната ќерка родена на 18 април. Малото девојче го преживеа породувањето, за разлика од својот брат близнак, кој починал од компликации при породување.

Трагичната загуба на двојката ги погоди Британците, фановите на Роналдо и пошироко, кои за време на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пееја рефрен за поддршка на парот.

„Бела Есмералда“, вака на Инстаграм парот го објави името на бебето, вклучувајќи го и датумот на раѓање. Објавата е проследена со низа фотографии од новороденчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Ова се првите официјални фотографии од детето, кои следеа по семејната, објавена при нејзиното враќање дома од болница, каде што „позира“ во прегратките на таткото Кристијано.

Инаку, името Есмералда е од шпанско потекло и потекнува од скапоцениот камен, смарагдот. Неговото значење е надеж и беше едно од најчестите женски имиња што ги користеле Римјаните, дури и во машка форма.

Парот се опоравува од трагичната загуба и не пропуштаат да се сетат на малечкото што не успеа да преживее; на фотографијата објавена на социјалните мрежи од Џорџина, Роналдо го покажува небото со прстот; фотографијата беше придружена со бело срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

По трагичната загуба на синот, Роналдо објави фотографија со ќеркичката: Ќе те сакам засекогаш

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....