0.8 C
Скопје
02:27 - 11 март, 2026

Илон Маск „на нишан“ има непожелни новинари: Твитер ги суспендира профилите на новинари кои известувале за милијардерот

Суспендираните профили ги вклучуваат и оние на новинарите од Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост, како и независни новинари.

Илон Маск ја крена рампата и овој пат на нишан има непожелни новинари. Твитер ги суспендираше профилите  на неколку новинари кои објавија објави за новиот сопственик на социјалната мрежа. Некои од нив објавија за одлуката на Твитер да го отстрани профилот @ElonJet, кој Маск го обвини дека ги следи неговите летови со приватен авион во реално време.

Меѓу суспендираните профили се и оние на репортери од Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост, како и на некои независни новинари. Според CNBC News, суспендиран е и профилот на социјалната мрежа Mastodon, новата социјална мрежа која е конкурент на Twitter.

Одлуката доаѓа еден ден по суспензијата на повеќе од 25 профили кои ги следеа авионите на владините агенции, милијардери и личности од висок профил, вклучително и онаа на Маск. Многу од сметките ги водел Џек Свини, 20-годишен студент и ентузијаст за следење летови, кој го користел Твитер за да објавува ажурирања за локацијата на приватниот авион на Маск користејќи јавно достапни информации.

Минатиот месец Маск рече дека ќе дозволи профилот што го следел неговиот приватен авион да остане на Твитер, иако рече дека тоа е безбедносна закана.

„Мојата посветеност на слободата на говорот, исто така, се протега и на тоа да не го забранам профилот што го следи мојот авион, дури и ако тоа е директен ризик за личната безбедност“, рече тој во твит во тоа време. Но, тој се предомислил оваа недела, откако тврдеше дека автомобилот во кој се наоѓал едно од неговите деца бил нападнат од „луд демнач“. Маск во средата твитна дека секој профил што објавува „нечии информации за локацијата во реално време ќе биде суспендиран, бидејќи тоа е закана на безбедноста“. Ова вклучува објавување врски до сајтови со информации за локација во реално време.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....