18.8 C
Скопје
20:32 - 2 мај, 2024

Илон Маск дели „рецепти“ против депресија: Препорачува психоделик што самиот го користи

Илон Маск често се смета дека е малку вон допир со реалноста, впрочем како речиси сите милијардери, но новите информации може да го поткрепат ова уште повеќе. Преку неколку твитови, извршниот директор на Тесла и Твитер потврди дека користи кетамин за лекување на депресија.

Во дваесеттиот век, употребата на психоделици била строго забранета и секако била под лупа со децении. Но, во денешно време, постојат трендови кои опишуваат како микродозирањето на некои психоделици може да биде корисно за луѓето за лекување на сите видови ментални болести. Сепак, Маск направи чекор понатаму бидејќи споменува користење на еден од најсилните психоделици кои некогаш постоеле. Докажано е дека кетаминот е штетен во силни дози поради тоа што луѓето го губат чувството за реалност.

Маск потврди дека го користи кетаминот во микродоза за лекување на депресија, но потврди и дека користел големи дози од него кога одел на забави.

Инаку, и покрај штетноста, како што известуваат американските портали, Управата за храна и лекови одобрила продажна верзија на кетамин за вдишување со цел лекување на депресија уште во 2019 година. Пред оваа одлука од FDA беа наведени и спроведени поволни клинички испитувања. Овој лек често се користи како анестетик и за животните и за луѓето, но исто така предизвикува халуцинации дури и кога се користи во помали дози.

Многумина му забележаа на Маск за неговото јавно зборување за употреба на кетамин, бидејќи човек со богатство од 230 милијарди долари, е јасно дека не му е до маркетинг на фамрацевтските компании туку станува збор за негов личен став кој лесно може да влијае на милиони луѓе – односно да ги поттикне и тие да го следат неговиот пример.

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, често изнесувал контроверзни мислења за секакви теми, па така и употребата на кетаминот која ја кажува јавно, не е нешто за чудење. Но од друга страна фановите се гневни што „луѓето со такво ниво на моќ не се во законски проблем поради тоа што прават вакви работи во јавност, за разлика од обичните луѓе“.

На Маск не му е првпат јавно да го искажува својот позитивен став кон употреба на некои дроги. Пред неколку години, на пример, тој се појави на The Joe Rogan Experience пушејќи канабис, реакциите беа бурни па дури и му наштетија на акциите на Tesla. Но, тој си продолжува и понатаму.

„Депресијата е предијагностицирана во САД, но за некои луѓе тоа навистина е проблем со хемијата на мозокот. Од она што го видов со пријателите, кетаминот кој се зема повремено е подобра опција“ за лекување депресија, отколку терапијата која ја препишуваат докторите, смета Маск.

Слични објави

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо
Се вчитува....