6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

Хуманитарна второаприлска забава: Под маска со своите МИЛЕНИЦИ

На 2 април со почеток во 11.30 часот во „Цреша бар“ ќе се прославува Денот на шегата, но на поинаков и позабавен начин – во друштво со вашите маскирани домашни миленици.

Граѓанската иницијатива „Кане Корзо Надеж“ ве поканува на незаборавна „Второаприлска забава“ под маски со вашите миленици.

– Ќе се забавуваме во одлична атмосфера со хорот на Пионерски дом „Карпош“ и ќе можеме да си купиме рачни изработки, а средствата ќе бидат искористени за бездомните животни – велат од „Кане Корзо“.

Хуманитарниот настан ќе се одржи на 2 април со почеток во 11.30 часот во „Цреша бар“.

Посетителите ќе можат да купат маици кои се дизајн на Теано Кардула и Димитар Цакар, а платнените торби се дело на Сара Стефкова. На настанот ќе има и ветеринар што ќе им дава совети на сопствениците, а изборот за најубава маска ќе го води познатата македонска актерка Зорица Панчиќ.

Фото – приватна архива

 

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....