3.8 C
Скопје
19:33 - 15 ноември, 2024

Хороскоп за 27 април: Дознајте како ќе ви започне неделата!

Овен

Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера.

Бик

Опуштете се и отфрлете ги црните мисли. Тие се само моментално чувство поради ситуацијата. Плановите одложете ги за десетина дена. Тогаш ќе можете подобро да ги согледате работите.

Близнаци

Денес внимавајте како се однесувате кон домашните. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Денес се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Измерете го секој збор пред да го кажете. Дозволете им на луѓето околу вас да имаат свое мислење.
Прочитајте и… По изолацијата задолжително проверете ја крвната слика

Рак

Денес ќе имате потреба да разговарате со партнерот во врска со финансиите. Но партнерот потполно ќе се затвори во себе и нема да знаете што навистина размислува. Вие ќе настојувате да го чуете неговото мислење иако ви е одамна позната неговата тврдоглавост и дека кога се наоѓа во таква состојба подобро ви е да не настојувате.

Лав

Ден пред младата Месечина во вашиот знак, можете да бидете понервозни од вообичаено, особено некои не ги исполнат своите ветувања. Имате начин како да најдете добри соработници ако бидете доволно подготвени да направите поголеми отстапки.

Девица

Се трудите да не забележувате се што ви пречи, но тоа всушност не ви носи ништо добро доколку вистински не се смирите себеси, бидејќи имате впечаток дека некој ви прави проблеми за да ве потисне во втор план. На некој му е многу важно со вас да воспостави добра комуникација, особено на Рибите.

Вага

На многумина им пречи вашиот успех и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас. Внимавајте повеќе на вашето здравје.

Скорпија

Нека не ве фаќа нервоза. Се ќе биде онака како што сте испланирале. Денот ќе го поминете со домашните. Покажете малку нежност кон саканото лице.

Стрелец

Старите долгови мора да се платат и тоа ви создава нервоза. Токму кога мислите дека веќе се е под контрола однекаде ќе изникне некоја неплатена сметка. Сумата која денес ќе треба да ја платите не е голема, но сепак ќе ви создаде главоболка.

Јарец

Денес ќе добиете една примамлива понуда која ќе решите да зачувате за себе. Се работи за нешто што може да биде ризично и се уште не сте сигурни дали ќе ја прифатите. Би сакале да ја прифатите затоа што ќе ви донесе голема финансиска корист, но се плашите да не бидете осудени од опкружувањето.

Водолија

Ако сте имале некој проблем поврзан за материјалната стабилност, сега ќе сфатите дека всушност за џабе сте се грижеле толку. Ќе следи одлично подобрување на тој план. Во љубовта ќе бидете приврзани за партнерот кој многу го сакате.

Риби

Нема да имате премногу обврски, па слободното време ќе го искористите за креативни работи. Во љубовта многу е важно да ја пронајдете вистинската личност за вас со цел да немате проблеми. Внимавајте на шеќерот.

Слични објави

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо

Инди Арадиновиќ и Зоран Марјановиќ патуваат за Дубаи: Композиторот по осум години првпат ја напушта Србија

Еспресо

(Фото) Анастасија дојде во Белград, ги собра кумовите на едно место и сподели важен момент: Ги воодушеви сите со објавата

Еспресо

(Фото) Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ обвинет за педофилија се огласи, еве што порача

Еспресо

(Фото) Северина „згрми“ во мини тексас фустан и ги покажа долгите нозе: „Не би те заменил за двe од 25!“

Еспресо

(Фото) Прво огласување на Наташа Беквалац по смртта на Миодраг Костиќ: Му го посвети својот голем хит

Еспресо
Се вчитува....