-0.2 C
Скопје
02:44 - 19 декември, 2024

Хороскоп за 13. 02. 2020 – Лавовите ќе стават крај на љубовната авантура!

хороскоп

ОВЕН

Пред вас се мали компликации кога е во прашање работата, но низ малку труд ќе успеете се да решите. Осамени сте и не се чувствувате добро поради тоа. Ви доаѓа ден во кој ќе посакате нови познанства. Во текот на денот ќе ве мачи главоболка.

БИК

Загрижени сте поради ситуацијата која ја имате на работа, и понекогаш ви се чини дека нема да успеете да ги решите сите проблеми. Доколку ви се допаѓа личност која ја среќавате на работа, ќе имате некои компликации во тој однос. Ве мачи несоница.

БЛИЗНАЦИ

Немојте да очекувате дека денеска ќе остварите големи промени на полето работа. Судбината сега не е на ваша страна. Ве очекува период во кој односот со саканата личност ќе биде полн со осцилации. Ќе ви годи масажа.

РАК

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Имате можност да остварите важни поместувања. Многу сте посветени на саканата личност и од неа очекувате исто. Пред вас е поволен период. Внимавајте на кичмата.

ЛАВ

Немојте да се занимавате претерано со важни работи денеска, затоа што може да правите грешки. Некое време сте уживале во необврзувачки средби, но сега сте решиле љубовната авантура да ја завршите. Контролирајте го холестеролот.

ДЕВИЦА

Очекувајте дека на работоно поле ќе имате мали компликации во текот на денешниот ден. Доколку имате проблем во комуникацијата со саканата личност, пробајте да најдете компромис. Водете сметка околу бубрезите.

ВАГА

Не е поволен ден кога е во прашање работата. Можно е да имате некоја штета или губиток денеска. Ви делува дека со саканата личност нема да успеете да ги решите сите проблеми кои се насобрале. Уринарниот тракт е чувствителен.

СКОРПИЈА

Бројните обврски ви претставуваат големо оптоварување. Имате потреба да ги менувате работите. Настапува малку тежок период кога е во прашање вашиот однос со личноста која ви значи. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува фаза во која ќе имате мали несогласувања во работното опкружување. Вашата дилема делува како реална. Недовербата која се појавила меѓу вас и партнерот, би можела да земе свој данок. Водете сметка околу кардиоваскуларниот систем.

ЈАРЕЦ

Доколку се занимавате со приватна работа, полека може да се подготвувате за некои големи промени. Доста работи ве загрижуваат кога е во прашање односот со саканата личност. Имате впечаток дека нешто ви се премолчува. Водете сметка околу исхраната.

ВОДОЛИЈА

Подгответе се за мали компликации во работата. Понекогаш ви се случува да губите фокус и концентрација. Вашиот однос со саканата личност би можел да стане проблематичен во следниот период. Избегнувајте цигари.

РИБИ

Ако претерате со своите очекувања, одредени разочарувања во работата се неминовни. Размислувате за љубовни промени кои планирате да ги почнете во следниот период. Сменете го режимот на исхрана.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....