16:11 - 1 април, 2026

Хилари Даф го нападна папарацото кој ги фотографираше нејзините деца! (ВИДЕО)

Хилари Даф на Инстаграм објави видео од судирот со фотографот кој ги фотографираше децата додека играа фудбал, помеѓу кој беше и нејзиниот син Лука.

„Папараци кои снимате деца, одете „вежбајте“ го фотографирањето на возрасни. Чудаци! Законите мора да се променат! Ова е демнење на малолетници. Одвратно“, напиша актерката покрај снимката која ја сними со својот мобилен.

Даф му пријде на фотографот и го праша дали познава некој на теренот, а кога ѝ одговори дека не знае, го замоли да престане да ги фотографира децата. Упорниот папарацо тврдеше дека тоа е легално и покажа дозвола, што не беше доволно за мајката на две деца. Тој ѝ одговори дека само вежба фотографија, а нејзината параноја ја нарече неоправдана.

„Ќе го споделам ова со моите 15 милиони пријатели на Инстаграм и ќе им дадам до знаење колку е морничаво тоа што си избрал да го правиш во сабота наутро“, порача Даф на снимката и тоа го направи.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....