2.8 C
Скопје
23:46 - 11 март, 2026

ХЕЛЕН МИРЕН веќе не ги „ферма“ новинарите, еве ја причината ЗОШТО!

Хелен Мирен повеќе не ги чита новинарски критики што се напишани за нејзините филмови. Откријте зошто. 

Хелен Мирен неодамна го претстави својот нов главен филм со наслов „The Duke“, филмот го режираше Роџер Мишел, кој почина во септември 2021 година. Заснован на вистинска приказна, во центарот на наративот се главните улоги на Хелен Мирен и Џим Бродбент. Во актерската екипа се и Фион Вајтхед и Метју Гуд.

Во 1961 година, Кемптон Бантон, 60-годишен таксист, го украл Портретот на војводата од Велингтон на Франциско Гоја од Националната галерија во Лондон. Кемптон бараше необичен откуп: тој би ја вратил сликата само ако владата направи повеќе за да ги поддржи старешините. Филмот „Војводата“ доби многу позитивни критики, но неодамна Хелен Мирен откри дека повеќе не чита ниту еден новинарски коментар за нејзин филм. Но, зошто?

Актерката рече: „Кога бев помлада читав критики, но сфатив дека многу те вадат од колосек – и позитивните и негативните критики. Позитивните ти даваат нереална идеја за тоа колку си добар, а негативните само те уништуваат, па затоа не читам веќе критики!“.

Но, актерката признава дека критиките за секој филм им даваат на актерите „идеја за тоа како е примен еден филм“, што според неа е „неверојатно важно“.

Хелен Мирен се изјасни и за филмот „Војводата“ , за одличното дело на Роџер Мишел:

„Создаде семејно чувство на снимањето, што мислам дека многу се одразува во овој филм. Тоа е прекрасен филм со навистина прекрасно сценарио. Во суштина, тоа е комедија. Но, во средината на оваа комедија е срцето на трагедијата и мислам дека тоа е ТОА што Роџер го направи толку брилијантно. Животот е еден вид беспрекорна мешавина меѓу трагедијата и комедијата“.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....