3.8 C
Скопје
01:49 - 10 март, 2026

Хари Стајлс руши рекорди: Турнејата на познатиот пејач меѓу 10-те најдобри на сите времиња

Instagram

Турнејата на Хари Стајлс е рангирана меѓу 10-те најдобри на сите времиња, според извештаите.

29-годишниот британски музичар е на епска двегодишна турнеја Love on Tоur, во чии рамки одработи неверојатни 169 настапи во изминатите 23 месеци.

И се чини дека сета таа напорна работа секако се исплатеше бидејќи концертите собраа неверојатни 460 милиони фунти (590 милиони долари) приход, а според познавачите, ќе следуваат уште цифри.

Последниот концерт го одржа во Италија минатата сабота.

Стајлс е рангиран на четвртото место на табелата Billboard Boxscore, а пред него се „У2“ и Ед Ширан со турнеја што траеше од 2017 до 2019 година.

Елтон Џон е на врвот на листата со турнеја која му донесе 900 милиони долари. Одржал 330 концерти. Оваа листа ги вклучува и „Ганс ен’ роузис“, „Колдплеј“ и „Ролинг стоунс“.

Големи ѕвезди, како Бијонсе и Тејлор Свифт, се на турнеја оваа година, па се очекуваат значителни промени во табелата. Според некои претпоставки, Тејлор, најверојатно, ќе стане прва изведувачка чија заработка од турнеја надминала една милијарда долари.

Тејлор со еден концерт на турнеја заработува 13 милиони долари, а побарувачката за влезници е огромна. Исто така, се зема предвид и фактот дека билетите денес се поскапи од пред неколку години. Просечна цена за концерт на Тејлор Свифт сега е околу 250 долари.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....