1.8 C
Скопје
09:37 - 19 февруари, 2026

Хари и Меган предвреме се вратија во Лос Анџелес, пред главната прослава за крај на јубилејот

Војводите од Сасекс веќе слетаа во Калифорнија и веќе се дома. Тие го напуштија Лондон на прославата за 70-годишнината од Елизабета Втора. 

Принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Соединетите Држави рано, непосредно пред крајот на четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Приватниот авион на Сасекс слета во Санта Барбара, Калифорнија, а папараците тоа го овековечија.

Двојката присуствуваше само на еден официјален настан, службата за благодарноста во катедралата Свети Павле, настан што кралицата го избегна поради малаксаност.

По тој повод, пристигнувањето на Хари и Меган во исто време беше дочекано со свирежи и аплаузи, а две години по откажувањето од кралските должности, очигледно беше дека и со седиштата беа дистанцирани од кралското семејство. Имено, вработените членови на кралско семејство, вклучувајќи ги и Вилијам и Кејт, беа наредени – според протоколот – во првиот ред на едната страна од патеката на катедралата, додека војводите од Сасекс беа „исфрлени“ во вториот ред од спротивната страна, заедно со нивните братучетки Беатрис и Евгениј од Јорк.

По настанот, сепак, парот не присуствувал на дочекот кој се случил веднаш потоа, ниту пак дошло до зближување меѓу Вилијам и Хари во моментите пред или по официјалното состанување.

Посетата на Лонодн за нив беше дискретна и речиси придушена, за да не ѝ го украдат шоуто на кралицата. Очигледно, сепак, беше забележано отсуството на парот на балконот за време на парадата, дури иако Хари и Меган беа фатени од папараците додека ги забавуваа кралските деца правејќи смешни фаци и широки насмевки, во близина на прозорецот од канцеларијата на генерал-мајорот од каде го следеа настанот.

Поголемиот дел од времето Хари и Меган беа со своите деца во Фрогмор Котиџ. А за време на престојот во Лондон, војводите неформално го прославија првиот роденден на своето второ дете во Виндзор.

Војводите ја напуштија Англија еден час пред големото финале на прославите, парадата низ центарот на Лондон и спектакуларниот концерт. Веќе во недела, на 5 јуни, Хари и Меган веќе беа дома.

Слични објави

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.
Се вчитува....