05:34 - 6 април, 2026

Гоца Тржан ги „подбра“ колегите што се жалеа за откажаните настапи! (ФОТО)

Instagram

Гоца Тржан јавно се обрати на сите свои колеги кои се жалат на фактот дека настапите им се откажани поради пандемијата од коронавирус.

Голем дел од пејачите истакнаа дека здравјето е на прво место и дека ги почитуваат сите пропишани мерки, но и дека ги откажале сите досега закажани настапи, но како што наведува Гоца има и онакви кои „кукаат“ поради тоа што нема да може да работат во наредниот период.

Пејачката одлучи на таквите јавно да им се обрати, без влакна на јазикот.

„Бухууу, нам на естрадата ни е најлошо, се ни е откажано, ааа…Дај бре замолчете, не се**те , не се бламирајте, бидејќи има многумина кои не заработуваат ниту мал дел од тоа вие што го земате и исто така се им е откажано“, напиша Гоца и додаде:

„Толку од мене во ситуацијава. Не можам, а во ваквите моменти да не мислам на оние кои немаат многу, а исто толку се уплашени… Ќе помине, да бидеме трпеливи, внимателни, паметни, чувајте се себе и сите околу вас. Љубов за сите постари луѓе кои се изолираа, љубов за моите родители, ќе се прегрнеме наскоро“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....