8.8 C
Скопје
01:39 - 20 февруари, 2026

Ѓорѓе Давид проговори по сообраќајката: „Цеца фрли плико со пари пред мене“

Српскиот рокерот Ѓорѓе Давид веќе три години е во жирито на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тој сега за првпат проговори за непознатите детали од нивниот однос и призна дека на почетокот имал предрасуди за неа. Давид потоа ја раскажал ситуацијата во која Цеца докажала каков човек и пријател е, што никогаш нема да ѝ го заборави, пишува српски „Блиц“.

– Мојата најголема предрасуда е Цеца. Тоа е мојата најголема предрасуда, каде некаде сфатив дека некаде не си задоволен од самиот себе и својот живот, а притоа си маж, мажите се поглупавиот пол. Жените се посилниот пол, колку и да ни се допаѓа или не тоа, од проста причина, бидејќи вие донесувате живот, вие раѓате. Како маж, секогаш мислев дека се виновни тие народњаци, не, виновен сум јас – започнал музичарот во поткастот „WTF радио“.

Давид се присетил на сообраќајната несреќа што се случи минатата зима во Македонија и во таа прилика спомнал дека Цеца му дала плико со пари за да му помогне во најтешкиот момент од животот.

– Таа направи еден гест, јас тоа никогаш не сум го кажал јавно, еве сега ќе кажам, се надевам дека таа нема да се налути, а и да се налути, не ми е гајле. Јас неа ја сакам до бесвест. Имав сообраќајка во јануари, на Свети Јован, која сериозно ме зашемети. Јас во животот не сум згазнал ниту мравка. Тој судар заврши со трагичен резултат, каде жената го загуби животот. Индиректно виновев бев јас – рекол тој.

– Пристигнувајќи во Белград (по сообраќајната несреќа во Македонија) сите мои пријатели ми рекоа, а верувам дека беше искрено: „Што ти треба, јави ми се“, таа беше единствената што рече: „Ајде, дојди со мене“ и таа го фрли пликото пред мене и ми рече „Само без никакви расправии со тебе. Знам дека во моментот си во бунар. Ова се пари што ти ги давам за да купиш некој автомобил, бидејќи знам дека без автомобил си како без нозе. Кога ќе имаш можност да ги вратиш, те молам врати ги, ти работиш, свириш, тука си во жирито… така што. Те молам немој да се расправаме за тоа дали сакаш да ги земеш или не, бидејќи ќе влеземе во сериозен проблем“ – раскажал рокерот.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....