12:55 - 5 декември, 2025

Ѓорѓе Балашевиќ, откако задоцнил на сопствената венчавка, на матичарот му ги понудил клучевите од колата

Љубовта меѓу Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ, која траеше со децении, важеше за една од најголемите љубови на познатите парови на овие простори, сè до смртта на Балашевиќ во 2021 година..

Оливера му била инспирација за многу од неговите песни, а познато е дека песните „Провинцијалка“ и секако „Оливера“ се посветени на неа.

Во бракот добија три деца, Јована, Јелена и Алекса, но никогаш не откриваа премногу за своите приватни животи.

Сепак, во една пригода, Оливера се присети на нивната свадба во 1981 година.

„Доцневме на сопствената венчавка… Јована тогаш веќе беше родена, кога се венчавме, а јас сакав да бидам во бело поради албумот за девојчето и сликите, мислам дека тоа е сон на секое девојче, а Џоле беше понепосреден, имаше фармерки и елек, патики, секако, и носеше беџ – Мапети“, рече Оливера пренесе Nova.rs.

Кумови им биле познати музичари, а познатиот кантавтор успеал да ги насмее сите дури и пред матичарот.

-Свадбата беше скромна, одржана во четврток, 7 мај 1981 година, со оглед на тоа што на Ѓорѓе му почина мајката. Кумови беа Билјана Крстиќ и Јосип Бочек, кои Ѓоле ги измами и им рече дека треба да снимат некоја емисија на телевизија и дека мора задолжително да ги понесат личните карти. Имав ужасна трема, а Ѓорѓе правеше шеги дури и на сопствената свадба. Кога се отвори вратата на матичарот, се слушнаа звуците на „Свадбениот марш“, нè пречекаа матичарот и неговата асистентка со ленти, а Ѓоле мораше да го искоментира тоа: „Охо – видете, Мис и прва придружничка! – се присети таа во едно интервју и додаде:

-Кога прашаа дали некој има нешто да пријави, тој му ги подаде клучевите од автомобилот на матичарот и рече дека нешто не е во ред со гасот во лер, ауспухот не работи добро… И така ние се „легализиравме“ – раскажа Оливера.

Во 2001 година, Ѓорѓе го издаде албумот „Дневник старог момка“ посветен на неговата најголема љубов и поддршка. Секоја од дванаесетте песни е именувана по женско име, а со комбинирање на почетните букви од тие имиња, се добива: Оља е најдобра.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....