Новак Ѓоковиќ во текот на пандемијата на коронавирусот привремено е сместен во Марбела-Шпанија, а оттаму даде и едно многу интересно интервју.
Шпанската радио станица „Кадена Копе“ ги запраша Ѓоковиќ и Надал како се чувствуваат во самоизолацијата во текот на прекинот на натпреварувачката сезона.
И додека Надал зборуваше дека му било премногу тешко, и дека не сакал да се буди поради морничавите вести за коронавирусот, како и дека „со часови разговарал со Ѓоковиќ“ Ноле откри еден голем семеен план.
„Во моментот сум во домот на мојот брат, засега привремено, во Марбела. Но, планирам токму во Марбела да се преселам со семејството“, изјави Ѓоковиќ.
Тој, да се потсетиме, веќе повеќе години е жител на Монте Карло, кој му е и тениска и семејна база.
Кога го запрашаа дали би сакал да се натпреварува „зад затворени врати“, тој одговори:
„Тенис без публика? Зависи. Не е тоа лесна одлука. Таа одлука е поголема од нашиот спорт. Што се однесува на мене, јас сум подготвен да играм, но, за тоа ќе се одлучува во месеците кои се пред нас“, изјави тој.
Исто така потенцираше дека сега му е многу драго дека е со семејството, бидејќи како тенисер тој многу патува и често се разделени.
А преку видео покажа и како тој и сопругата Јелена се забавуваат во изолација: