6.9 C
Скопје
04:29 - 1 април, 2026

Гога Секулиќ започнува нов бизнис: Еве со што ќе работи во Белград

Пејачката Гога Секулиќ потврди дека започнува нов бизнис. Гостувајќи во една телевизиска емисија, Гога ја откри „тајната на својата убавина, младост и линија“.

„Бидејќи сите ме прашувате како ја одржувам младоста, убавината и линијата – покрај мојата Јана, тоа е сирењето, луѓе! Вечно млади, вечна харизма. Гледам дека го има на некои места во Белград, но јас ќе започнам бизнис, ќе увезувам убаво сирење, покрај пеењето“, најави таа и го претстави својот „бизнис план“.

„За почеток ќе им давам на луѓето да пробаат бесплатно, па ако им се допадне, тогаш ќе ставам некоја цена – да не биде премногу скапо, а и јас да не сум во минус“, изјави таа.

Дека покрај пеењето сè повеќе ја привлекуваат и други бизниси, покажа и минатата година кога зборуваше за својата фирма „GS конекција“.

„Ја отворив фирмата ‘GS конекција’ која моментално се занимава со мојата кариера. Сакам сè да биде чисто кога станува збор за даноци, настапи и слично. Но во иднина планирам да се занимавам со конекции. Во ред е да им се помага на луѓето, да се вработат… кога станува збор за здравје – тоа никогаш не би го наплатила“, објасни таа во уште една телевизиска емисија.

„Но денес има многу бизнисмени и бизнисменки кои не знаат да ја ценат помошта. Тие како нешто работат, имаат пари, а не можат да дојдат до некои контакти. А денес велат дека конекциите и контактите се најсилното нешто“, рече пејачката во емисијата Исповести.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....