Гоца Тржан е во складен брак со Радомир Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од пејачката. Од бракот со Иван Маринковиќ, Гоца ја доби Лена, која порасна во вистинска убавица и неодамна стана полнолетна.
Гоца повеќепати јавно зборуваше за нејзината борба за потомство и откри дека трипати била на вештачко оплодување за да можат да се остварат како родители.
Неодамна таа сподели фотографија со мало бебенце, момченце што го добиле нејзиниот девер и јатрва, односно братот и снаата на Раша. Гоца лежеше на кревет покрај него и речиси заспа уживајќи во друштвото на ова преслатко бебе.
– Наш дар од Бога, нашиот Новак. Те сакаат стрико и стрина засекогаш – стои во описот на фотографијата.
Над фотографијата што ги разнежи сите срца, Гоца додаде:
– Не може секој да биде луда стрина.
Да потсетиме, тој неодамна гостуваше кај Гоца во емисијата „Ако проговорам“, каде откри помалку познати детали за нивното судбинско запознавање.
– И пред тебе имав врска. Бев во врска со постара девојка. Добро, таа беше само осум години постара од мене не беше многу. Потоа, кога седев со еден мој другар, тоа беше можеби осум-девет месеци без девојка, му реков:
„Наскоро ќе си најдам девојка“, а тој ми вели: „А бе кај ќе си најдеш?“ Јас му велам: „Веројатно ќе биде од истата бранша, можеби ќе биде малку постара од мене, можеби и повеќе, ама тоа не ми е важно. Ќе има мали стапала, гради онака како што сакам, руса коса фарбана или природна, ама ќе биде русокоса. Дете можеби има, можеби нема ако има, уште полесно, добивам готов пакет.“ И после еден месец ми заѕвони телефонот – ме повика мојот сегашен пријател, еден колега и соработник, и ме праша: „Сакаш ли да свириш со Гоца Тржан?“ Ја гледам листата, добро, може. После некоја недела имавме проба, се собравме таму, таа доаѓаше на капијата од студиото каде што имавме проби. Влезе, а јас буквално од 50 метри го почувствував нејзиниот парфем, нејзиниот мирис едноставно ја почувствував. И ми вели Бобан: „Кога ќе дојде на проба, само гледајте што прави таа, и така вие сите.“ Јас цело време ја гледав како луд, како манијак.
И покрај големата разлика во години меѓу нив, тие се сметаат за еден од најскладните парови на домашната сцена, а Гоца никогаш не криела колку нејзиниот сопруг ја освоил и колку го сака и почитува.
