11:44 - 13 јули, 2026

Го одврза ќесето: Дечкото на Милица Тодоровиќ ѝ купи роденденски подарок вреден неколку илјади евра

Пејачката Милица Тодоровиќ за својот 35-ти роденден доби часовник „ролекс“ од својот партнер.

Иако од моментот кога дозна дека е бремена се повлече од медиумите, Милица одлучи да го прослави прекрасниот ден со семејството и пријателите, а една од пријателките која се најде на интимната роденденска прослава откри дека од таткото на нејзиното дете добила подарок кој ја оставил без зборови.

„Милица е активна трудница и одлично се чувствува. Иако не се појавува на јавните настани, одлучи да ги собере драгите луѓе и да го прослави роденденот. Овој ѝ е помил од сите претходни бидејќи е бремена и наскоро ќе ѝ се оствари она што со години го посакуваше – ќе стане мајка. Поради сè убаво што ѝ се случува во последно време, ги собра драгите луѓе со кои помина вечер за паметење. Не го славеше само роденденот, туку и тоа што нејзиното, но и семејството на нејзиниот партнер, наскоро ќе биде побогато за уште еден член. Вечерта беше совршена, уживавме во одлична храна, пијалаци и музика, а Милица цело време неуморно играше и ниту во еден момент не ја симна насмевката од лицето“, ја започна приказната пријателката на победничката на „Ѕвездите на Гранд“ и додаде дека главниот момент на вечерта бил оној во кој партнерот на Милица решил да ѝ го врачи роденденскиот подарок:

„Тие двајца љубоморно ја чуваат својата врска и не дозволуваат никакви детали да испливаат во јавноста. Милица е среќна жена бидејќи нашла партнер кој ја третира како принцеза и се труди во сè да ѝ угоди. За време на прославата беа насмеани и среќни, а откако ги дувна свеќичките на роденденската торта, ја изненади со кутија во која имаше часовник ‘ролекс’. Остана без зборови, бидејќи ѝ купи модел кој долго го посакуваше, а покрај часовникот доби и емотивна порака, поради која заплака. Не можеше ни да замисли дека вечерта ќе биде толку посебна. Пред сите нас рече дека е горда на својот избор и дека е среќна што Бог ја погледнал и ѝ го испратил вистинскиот маж.“

Слични објави

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Стадо овци, шарпланинци, грациозни коњи – Спасен Силајноски на прошетка низ убавата Македонија

Еспресо

Хороскоп за 13 јули: Овните ќе бидат љубоморни, Раковите ќе се истакнат на работното место

Еспресо

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....