09:50 - 13 ноември, 2026

Почина Владимир Блажев – Панчо од групата „ДНК“

По долга и тешка битка од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, во која како последица од страотниот пожар животот го загубија 63 лица, почина Владимир Блажев – Панчо, член на легендарното дуо „ДНК“, потврдија од болницата „Аџибадем Систина“, каде што се лекуваше.

Си замина уште една легенда на македонската музика. Тешко е да се најдат зборови кои можат да ја опишат болката и празнината што ја остава неговото прерано заминување. Панчо беше уметник со големо срце, човек кој преку својата музика ги обединуваше генерациите и создаваше песни што ќе живеат засекогаш.

Повеќе од дваесет години, заедно со својот музички брат Андреј, како ДНК, оставија неизбришлив белег на македонската сцена. Нивните песни не беа само хитови – тие беа приказни, емоции и дел од животите на многумина. Со своите стихови и искрен настап, Панчо допираше до душата на публиката и ја освојуваше со секој збор.

Од Аџибадем Систина изразија сочувство и истакнаа дека, почитувајќи ја приватноста на пациентите и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не можат да споделуваат дополнителни информации.

Панчо ќе остане запаметен како симбол на талент, добрина и искреност. Неговата музика ќе продолжи да живее како потсетник на човекот кој знаеше како да ја претвори емоцијата во песна.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....