18:07 - 10 ноември, 2026

Ги покажала вештините! Анастасија Ражнатовиќ ова јадење му го приготвила на Немања Гудељ кога се запознале!

Ќерката на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, откри дека својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ го запознала преку пријател и дека на самиот почеток на нивната врска му подготвила пита со месо.

Анастасија започна врска со Немања пред три години, а пред две се венчаа во манастирот Рајиновац.

Нивната врска привлече големо внимание во јавноста, а на почетокот на нивната љубов ќерката на

Цеца истакна дека не им пречи што околу нив се крева голема врева.

– И двајцата сме јавни личности, јасно ни е што ги интересира медиумите, нормално го прифаќаме тој факт. Тоје е љубоморен, нема причина да биде. Притисоци секако ќе има, но ако нешто е како што треба, ништо тоа не може да го уништи – изјави тогаш таа.

Набрзо сфатила дека тој е вистинскиот.

– Се запознавме преку пријатели, уште од прва „кликна“. Кај него сè ми се допаѓа, засега сè е во ред – рекла Анастасија и потоа раскажала дека на својот избраник веќе му подготвила оброк на почетокот на врската.

– Му подготвив пита со месо!

 

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....