12:18 - 7 ноември, 2026

(ГАЛЕРИЈА) Лила на уникатен начин со природната коса на Саемот за венчавки: Познати дами како невести

Лила Стојановска сношти за првпат јавно се појави со кратка коса на ревијата на која се отвори Саемот за венчавки, во хотелот „Александар Палас“.

Лила претходно проговори колку е среќна што го победила ракот, а на ревијата, ја покажа својата природна коса и доби комплименти од присутните за изгледот. Нашата позната водителка не облече венчален фустан како другите модели, беше уникатна во црн долг фустан и рекламираше накит.

Победнички чекорејќи на пистата, во еден момент накитот го покажа на специфичен начин, ставјќи ги рацете на вратот, со што со движење нагласи дека тоа е нејзината природна коса.

На Саемот инаку продефилираа и други наши познати дами. Маријана Станојковска која е дел од речиси секој Саем, блесна во богата креација, а многу внимание приблече и моделот Кристина Димитријевска, која му е поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски. Кристина пред неколку години, по паузата повторно му се врати на манекенството, а во меѓувреме сними и неколку песни.

Едно од поуникатните појавувања имаше Сања Савеска, водителката на емисијата „Брза кујна“. Сања на пистата се појави со своето милениче Маша, за која потоа се грижеше нејзиниот партнер, Томи.

Женскиот дел на семејството „Црнокрак“ блесна на пистата. Прво Светлана, поубава од било кога, потоа помалата ќерка Нина која ги прави првите усспешни чекори во манекенството, а на крајот и Моника Црнокрак, постарата ќерка на Мики и на Светлана- добитничка на неколку интернационални титули за убавина.

Се појави и Миро Кацаров како машки модел, актерката Драгана Левенска и уште неколку познати личности и манекенки. Тазе исончана од одморот на Бали, настанот го водеше Ведрана Ѓорѓевиќ. Камерниот состав на Пламенка Трајковска го отвори настанот, а две песни испеа и Бојана Скендеровски, облечена во бел костум. Саемот е отворен до утре, за сите идни невести и младоженци.

Фото: Вангел Тануровски

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....