18:26 - 2 април, 2026

(Фотогалерија) Струга преку фотографската леќа на Ана Петроска: На Струга дуќан да имам, на ќепенците да седам

 „Занаетот е златен…“

Фотографката Ана Петроска преку фотографии (и зборови) ни ја доловуватуристичката сезона во Струга денес. Вели, градот „крцка“ од туристи што најчестодоаѓаат од Србија, Германија, Холандија, но тука се и печалбарите што се враќаат загодишните одмори дома, во околните села. Годинава има и неколку музички фестивалишто донесоа диџеи, пејачи и хипхопери од странство нудејќи забава за младите.

Како да се искористи викенд во Струга? „Денот почнете го со кафе на крајбрежјето.Потоа прошетајте низ центарот на градот, уживајте на плажите, ручајте покрај Дрим, ине пропуштајте по 17 часот да се искапете во езерото зашто тогаш водата е најпријатна.Вечерните часови резервирајте ги за струшката чаршија или, ако сте помлади,присуствувајте на забава на еден од многубројните настани во градот“, предлага Ана ипотсетува на интересни локации во околината на Струга што вреди да се посетат, каконаселбата Езерски Лозја, живописното село Вевчани и рибарското село Радожда.

„Мое омилено место во околината на Струга е населбата Езерски Лозја, која е само надва километра пред градот. Има одлични плажи, пешачки патеки, а гостопримствотона локалните жители ќе ви го разубави престојот. Уште едно место за посета е плажатана хотелот „Бисер“, а во околина е црквата „Света Богородица“, вели Ана.

Кога сте веќе тука, што да дегустирате? „Струшката кујна е навистина нешто посебно.Кога вкусната храна ќе ја споите со чаршијата, прекрасните пејзажи покрај рекатаДрим и Охридско Езеро, тогаш добивате викенд престој што долго ќе го памтите. Запојадок, одличен избор е чорба што се подготвува речиси во сите струшки кафеани. Заручек или вечера, карактеристична е струшката пастрмка и белвица, а не заборавајте ина струшкиот специјалитет ѓомзеле“, предлага фотографката.

Струга е неисцрпна инспирација за добра фотографија. Летово најмногу уживавфотографирајќи ја колоритната струшка чаршија и живописната населба Езерски Лозја.

Фотографии: Ana’s Photos – Justaphoto.ap

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....