18:24 - 2 април, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) МОДНА ПОЛИЦИЈА: Кежуал изгледи низ изгор-жешко Скопје

Искинатите фармерки не излегуваат од мода, дури и кога се премногу наглсено-издрпани, а уште ни се модерни и војничките бермуди, класичните бели маички и нивното величество – патиките! Особено кога девојките ги носат со кежуал фустани со макси должина.

Жителите на Скопје, викендов низ жешкиот асфалт „штрафтаа“ по патики – во најразновидни модели, брендирани или „ноу нејм“, а што е пак, тоа важно? Нашиот фотоапарат, со подеднакво лежерен однос како оној на оние кои ги „улови“, ја регистрираше „модната атмосфера“ во центарот на градот и Градскиот парк. А -ха, воглавно се млади, сосема очекувано за пладневните часови кога сонцето буквално „пука“.

Фаворит на нашата модна полиција овојпат се трите девојки седнати на трева во Градскиот парк.  Си прават мини-пикник и си кулираат. „Лајк“ за девојката со босите нозе. 

 

Фото-полицаец: Борјан Стојков

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....