6.8 C
Скопје
07:54 - 21 февруари, 2026

(Фото) „Зошто едноставно не си даде оставка?“: Ново видео ја тресе фотелјата на финската премиерка Сана Марин, таа се извини „таква фотографија не требаше да се направи“

На 10 јули, премиерката на Финска Сана Марин го организирала продолжението на фестивалот Руисрок за нејзините пријатели во нејзината официјална резиденција – Кесаранта. На социјалната мрежа ТикТок е објавен скандалозен материјал од забавата, а тоа пак, воопшто не е добредојдено за Марин која во периодов поминува низ бројни критики поради неколкуте видеа кои „испливаа“ на социјалните мрежи, а на кои таа лудо се забавува.

Во новото видео, Сана Марин и 33 годишната манекенка и инфлуенсерка Сабина Сарка танцуваа заедно допирајќи се провокативно со телата.

Видеото е снимено во ресторанот Театтериса во неделата (7 август) наутро, веднаш по бурната куќна забава на премиерката.

принтскрин
принтскрин

Откако излезе и непримерна фотографија на која главен актер е (и) финската премиерка, денес Сана Марин јавно се извини, призна дека сликата не е примерна и дека „на дружењето не се случи ништо посебно“.

Премиерката ги коментираше најновите видеа на социјалните мрежи.

– Ја видов оваа снимка утрово. Да, тие се од Кесаранта. Тие беа снимени во неделата по Руисрок, објасни Сана додавајќи дека со пријатели ја поминале вечерта во Кесаранта, дека биле во сауна, пливале, и дека „една од овие слики е направена таму“.

– Мислам дека таа слика не е примерна, се извинувам поради тоа. Таква слика не требаше да се направи, рече Сана.

И покрај извинувањето, скандалите кои ја тресат премиерката на Финска сериозно ѝ ја затресоа и фотелјата бидејќи многумина се прашуваат зашто едноставно не си даде оставка, а некои прават и „црн-хумор“ на нејзина сметка во однос на бројните забави кои испливаа на виделина.

„Игра глупави игри за глупава цена“, коментира еден корисник на твитер, „виновна за удар со чекан додека била на должност. Тоа беше нејзиниот четврти ден во девет забави. Проверете го новото видео. Таа е нашата мила премиерка“, коментира друг корисник, „не личат на видеа за премиер, на Финска и треба позрел лидер“…,додека најголем број само ги споделуваат видеата од „веселата“ премиерка пишувајќи „еве ја вистината“.

 

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....