6.8 C
Скопје
23:11 - 25 март, 2026

(Фото) Зорица Брунцлик измамена: Пејачката и покрај операцијата, веднаш се огласи – сè е лага, не верувајте!

Српската пејачка Зорица Брунцлик на својот официјален инстаграм-профил откри дека била цел на измама. Имено, на нејзино име е отворен профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде што се објавуваат изјави, а пејачката сега мораше да реагира.

– Мили мои, на Фејсбук е направен лажен профил, каде што се прикачуваат објави што наводно ги изјавила Зорица. Сè што е објавено на таа страница во име на Зорица или нејзиното семејство е лажно. Единствениот вистински профил има сина значка – пишува на инстаграм-профилот на Зорица Брунцлик.

Инаку, Зорица Брунцлик пред неколку дена беше итно оперирана.

Нејзината колешка Весна Змијанац откри дека слушнала за операцијата на Брунцлик, но не била информирана за деталите.

– Слушнав нешто, но не ги знам деталите. Многу ми е жал ако е нешто сериозно и се надевам дека ќе помине и дека Зорица ќе ни се врати. Ја сакам многу, сакам што побрзо да оздрави – рекла Весна Змијанац за „Блиц“.

И пејачот Мирослав Илиќ открил дека слушнал за информацијата дека Зорица Брунцлик била оперирана и дека му е жал за колешката.

– И јас слушнав нешто, но сега не знам колку е драматично. Како и да е, жал ми е – изјавил Мирослав за „Хајп“.

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живета од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....