11.8 C
Скопје
16:36 - 29 март, 2026

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Актерката Лидија Вукиќевиќ на својот инстаграм-профил често објавува слики од својот дом на Бежанијска коса која го средила како од бајките. Имено, Вукиќевиќ покажа како го украсила својот дом за новогодишните празници, а на сите им паднало во очи тоа што на средината од собата поставила камин.

Актерката го украсила станот со новогодишни украси, а во преден план се гледа големата фигура на гном што ја поставила на прозорецот. Лидија освен што ужива во убаво уреден стан има и фантастичен поглед во кој ужива. Сè изгледа идилично, особено откако падна првиот снег во годината.

Да потсетиме, Вукиќевиќ еднаш откри дека вложила многу внимание и труд во дизајнирањето на ентериерот на својот дом и дека не ѝ е тешко да ги засука ракавите и да закова, да бојадиса или да реставрира одредени делови од домот. Белата, капучино и песочните бои доминираат во нејзиниот простор, а мебелот од дрво, украсен со ситни детали и растенија, се наоѓа насекаде во станот.

Како што објавија медиумите, Лидија пред извесно време за 200.000 евра ја продала куќата што ѝ припаѓала по разводот со екс-фудбалерот Митар Мркела и со тие пари купила стан кој сама го опремила.

„Таа ја продала куќата за 200.000 евра, а со тие пари купила еднособен стан, во областа каде што живее со години. Тој стан е многу луксузен и посебно се посветила на неговото уредување”, рекол изворот на времето.

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....