03:35 - 7 февруари, 2026

(Фото) Втора вечер Кански филмски фестивал: Том Круз во „Армани“, Џенифер Конели – божица на вечерта, Андријана Лима го покажа стомакот…

Позавчерашното отворање, Канскиот филмски фестивал започна. И ги покажа своите први големи ѕвезди. Синоќа, Џенифер Конели и Том Круз пристигнаа на црвениот тепих за да го презентираат долгоочекуваното продолжение на Топ Ган.

Актерки и манекенки на црвениот тепих, но и аспиранти за прва и втора категорија, кои позираат пред објективите на фотографите и го освојуваат аплаузот.

За оваа свечена прилика ѕвездата на синоќешната вечер – Џенифер Конели одбра фустан од Луј Витон.
Сè уште има актерки кои може да се дефинираат како „божествени“. И тоа без разлика кој фустан го носат.

Ел Фанинг блесна во креација на Џорџо Армани Privé. Том Круз пак, како да не старее. За него стилот не е невозможна мисија. Тој се појави на црвениот тепих во беспрекорен костум од Џорџо Армани.

Андријана Лима, моделка која е бремена, го покажа гордо својот голем стомак, облечена во црна креација од Балмен која е пресечена токму на стомакот.

Ева Лонгорија пак, овој пат буквално блештеше во тесна огледало креација на Кристина Отавијано.

На црвениот тепих продефилираа и ѕвездите Виола Дејвис во жолта креација на Александер МекКвин, преубавата индиска актерка која во многу нешта ја споредуваат со Анџелина Џоли – Ајшварија Раи Бачан во заносен фустан од Долче и Габана со нагласени цветни апликации, моделката Џасмин Тукс во жолта плисирана креација од Тони Вард, Кетрин Лангфорд во розев Валентино фустан, Шанел Иман во бел секси фустан со нагласен шлиц…

 

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Анабела Атијас оперирана: Нина се огласи од болничкиот кревет, со лицето во завои

Еспресо

(Фото) Поранешната снаа на Кеба замина од Србија: Софија ужива на оваа далечна дестинација

Еспресо

Уапсен третиот осомничен за фрлената бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Еспресо

Милица Тодоровиќ се огласи од породилиштето: Го изгубив млекото поради стрес, само едно ве молам

Еспресо

(Фото) Цеца не штедела за стајлингот на Јахорина – само за штиклите дала 900 евра!

Еспресо

Ѓоле Ѓогани за Драгана Мирковиќ: „Таа е во ист ранг со Мајкл Џексон и Бијонсе“

Еспресо
Се вчитува....