7.8 C
Скопје
09:10 - 10 март, 2026

(ФОТО) Врвна фотографка го доловува МИСТЕРИОЗНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ НА ЈАПОНСКИТЕ ЈАКУЗИ

Фотографката Клое Џафе неколку години се обидува преку своите фотографии да го пренесе мистериозниот живот на сопругите на јапонските јакузи.

Јакузите се припадници на јапонска криминална организација и се најбројната криминална организација во светот. Се препознаваат по кратко потшишаната коса, тетоважите по целото тело и недостатокот на малиот прст на раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Фотографката Клои Џафе сакала да дознае нешто повеќе за жените омажени за јакузите, па пред неколку години ги сликала и го открила нивниот мистериозен живот.

Во јапонското општество ниту една жена не може сама да стане јакуза, но станува неприкосновен дел од кланот откако ќе се омажи за член на јакузите.

Сакајќи да дознае нешто повеќе за нив, Клои морала да најде начин да се пробие во кругот и да биде познато и пријателско лице на јакузите.

„Во работата немаше ништо сексуално. Сè што требаше беше да се дотерам, да им служам саке на мажите и да ги слушам како разговараат“, рекла Клои за Би-би-си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Таа сакала да ги фотографира жените и да ја сфати нивната улога во целата шема. Првата препрека што требало да ја совлада било стекнување доверба на луѓето од јакуза.

Домаќинството на јакузите изгледа како типично јапонско семејство. Мажите носат одлуки, а жените ги следат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Она по што се разликуваат, вели Клои, е дека не знаат дали нивниот маж вечерта ќе се врати дома.

„Улогата на жените на јакузите е улога на консултант, готвач и финансиски контролер. Секако, улогата која секоја жена ја игра во кланот е далеку посразмерна на хиерархијата на нејзиниот маж“, објаснува Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Таа на крај успеала да ги фотографира жените на јакузите откако ја стекнала довербата на нивните мажи.

Меѓу највпечатливите карактеристики на нејзините фотографии се тетоважите кои ги красат телата на жените. Тетоважите се повеќе од естетски уметнички дела на телото, тие за јакузите се заштита, но не се наменети за покажување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Една од најважните фотографии што ги направила Клои е емотивниот момент меѓу еден пар.

„Сите разговараа и во еден момент мажот стана, тргна кон својата жена и ја прегрна со солзи во очите“, рекла Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🐉Chloé Jafé 🐉 (@chloe.jafe)

Слични објави

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.
Се вчитува....