09:11 - 13 ноември, 2026

(Фото+видео) На Дарко Лазиќ сопругата му ги мие нозете во леѓен: Како пејачот и Катарина ги поминуваат првите денови од бракот

Српскиот пејач Дарко Лазиќ пред еден месец се ожени со својата избраничка Катарина, а по тој повод направија голема гала прослава.

Дарко и Катарина на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од своето секојдневие, а сега пејачот ги изненади сите кога на Инстаграм сподели видео на кое Катарина му ги мие нозете во леѓен.

Дарко ја снимил својата сопруга додека му ги брише нозете, а притоа двајцата гласно се смееле.

– Ти благодарам, жено – смеејќи се вели Дарко.

Инаку, пред тоа ја снимал сопругата како заедно со неговата баба подготвуваат зимница во Брестач.

– Да, да, туршијата се подготвува! Ајде лудило, туршијата ќе „пршти“ оваа година?! Секоја чест за Катарина, пофалби – се пошегувал Дарко, додека Катарина го подготвувала карфиолот.

– Бабо, што велиш, добра ли е оваа невестата? – продолжил да се шегува Лазиќ, а коментарот на баба му го насмеал до солзи.

– Мора да работи! Вистинска невеста, работи, сама се вклучи во работата! – додала бабата на пејачот.

– Еве девојки, слушајте ја баба ми, треба да ставате кисели краставички за да бидете вистински невести – рекол пејачот.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....