21:19 - 4 април, 2026

(Фото) Убави вести токму на роденденот на Цеца: И Анастасија слави денеска, пристигна од Севиља поради тоа!

Ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, беше кума на свадбата на својата најдобра пријателка, а фотографии со младенците сподели на својот инстаграм-профил.

За оваа свечена пригода, Анастасија Ражнатовиќ избрала небесно син фустан кој ги истакнува нејзините облини, малку ја навиткала бујната коса, а шишките ги собрала со шнола.

На социјалната мрежа Инстаграм, Анастасија Ражнатовиќ сподели фотографии од автомобилот, потоа и од црквата, а потоа јавно ѝ се обрати на кумата чија свадба со нетрпение ја очекуваше.

– Почестена сум што ме избра да бидам кума на твојата венчавка, најважниот ден во твојот живот. Те сакам до болка, убавице моја.

 

Видеата и сликите покажуваат колку Анастасија е блиска со девојката на која ѝ е кума, а многумина ѝ се придружија во честитките преку социјалните мрежи.

Денешниот датум во животот на Анастасија има посебно значење. Освен што стана кума на својата најдобра пријателка, нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ го слави својот 52. роденден.

– Сè што станав е исклучително поради твојата љубов! Среќен роденден, мамо! Ти благодарам за целата љубов што ни ја даваш на сите несебично! Те сакам најмногу на светот – напиша Анастасија Ражнатовиќ под фотографијата со својата мајка.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ е позната по својата долга црна коса, а сега реши да ја осветли и направи светли прамени.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....