7.8 C
Скопје
23:58 - 31 март, 2026

(Фото) Трето лице од Украина вмешано во убиството на Дугина: Циганенко бил махерот кој ја инструирал Вовк

Минситерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека убиството на руската новинарка Дарија Дугина, заедно со Наталија Вовк, го подготвувал друг член на диверзантска група, пренесува РИА Новости.

Според министерството, вториот осомничен за убиството на новинарката е државјанин на Украина Циганенко Богдан Петрович. Според утврдените податоци, тој пристигнал во Русија транзитно преку Естонија и ја напуштил земјата ден пред трагедијата.

Се претпоставува дека токму Циганенко ѝ дал на Вовк лажни регистарски таблички и документи, а учествувал и во создавањето на импровизираната експлозивна направа, која подоцна била поставена во автомобилот на Дугина.

Покрај тоа, ФСБ соопшти дека како резултат на проучувањето на камерите за видео надзор, било можно да се потврди фактот дека Вовк ја шпионирала новинарката на паркингот на фестивалот Традиција, пренесуваат руските медиуми.

Претходно, хакер од групата РахДит изјави дека во убиството на новинарката не се вмешани само структури од Киев, туку и западни структури. Хакерот истакна и дека Вовк не можела да изврши такво кривично дело без знаење на специјалните служби на Украина.

Гласините за убиството на Вовк се од „жолт печат“: „Таков случај не е познат во Австрија“, Австриското МНР не ја потврди веста

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....