01:07 - 3 април, 2026

(Фото сторија) Живописен двор во живописно село: Весна Гогова ни ги отвори вратите на семејното цветно царство

Весна Гогова има преубав двор од сто квадратни метри во село Николиќ, оштина Дојран. 

Селото има преубава локација, се наоѓа во близина на северниот брег на Дојранското Езеро, оддалечено е 12,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 19,5 километри североисточно од Богданци, и 29,5 километри североисточно од Гевгелија.

Идејата за уредување на овој семеен двор е всушност на сопругот на Весна. Заедно делат иста страст – љубов кон природата, цвеќињата и растенијата.

Во дворот има најрановидни цвеќиња – рози, трендафили, мушкатли, далии, снежна топка, а има и украсни дрвја, борчиња…Сепак, ако треба да се издвои цвеќе што е омилено, тоа се розите, трендафилите бидејќи цветаат до доцна есен.

– За да биде убав, дворот сака посветеност. Дневно поминуваме најмалку час до два на нега на цвеќињата и растенијата.

На Весна и сопругот предизвик им е дворот да е секогаш среден, да се подредени цвеќињата за потполно да се ужива во нив.

– Не одгледувам цвеќе, туку го купувам – ни отркива Весна и додава – ако почнам да одгледувам, би почнала од мушкатлите, газенијата, петунијата, далијата, а би садела и борчиња.

Инаку, Весна е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на госпоѓа Весна. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Македонска убавина во с.Марино: Дијана – мајка на три убавици (ќерки) и бројни убавици (цвеќиња)

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....