6.8 C
Скопје
09:16 - 1 април, 2026

(Фото сторија) Во Асамати, во дворот на Зурие Ајрулај: „Занимавањето со цвеќиња е храна за душата“

Госпоѓа Зурие Ајрулај ни ги отвора вратите на нивниот семеен прекрасен двор кој се простира на дури 300 квадратни метри, а се наоѓа во убавата Преспа, покрај Преспанското езеро, во село Асамати.  

Зурие дневно посветува околу два часа на дворот, а  дополнително еден ден во неделата е посветена цел ден на дворот, од косење на тревата до чистење и одржавање. Фото-приватна архива

– Моментално ништо не работам, затоа имам повеќе слободно време да му се посветам на мојот двор, ни вели нашата домаќинка, која лично е одговорна за целиот двор, а секако, некогаш помага и сопругот и ќерките.

Дворот е наросен со најразновидни цвеќиња и растенија, а најмногу доминираат каранфилчињата, газениите и петунии.

Зурие дневно посветува околу два часа на дворот, а  дополнително еден ден во неделата е посветена цел ден на дворот, од косење на тревата до чистење и одржавање.

– Орхидејата е мое омилено цвеќе, за внатрешен простор, а надвор најмногу обожавам газенија – ни открива Зурие.

Стигнуваме до советот за оние кои допрва сакаа да почнат да се занимаваат со нега на цвеќе и растенија.

– Совет на сите кои сакаат да почнат со градинарство, нека почнат од цвеќињата кои се лесни за одгледување, а потоа постепено нека преминат и на потешки. Сите кои имаат желба да почнат со одгледување, нека почнат веднаш бидејќи занимавањето со цвеќиња е храна за душата, а исто и огромно задоволство кога ја гледам убавината на мојот двор.

Инаку, Зурие е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

Фото-приватна архива

(Фото) Цветен рај на 4 квадратни метри на охридскиот балкон на Соња Гега: „Цвеќињата се лек за душата“

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....