21:19 - 4 април, 2026

(Фото сторија) Каква убавина „на чекор“ од Кавадарци! Градина и бавча за восхит на пензионерката Павлина

Разговараме со две дами, Славица Панова и нејзината мајка, пензионерка, Павлина Волчева. И двете – големи љубителки на цвеќиња.

– Мајка ми е пензионерка, со одгледување на цвеќиња се занимава многу одамна, дури и продаваше на нашиот пазар – ни раскажува Славица.

Павлина е самата одговорна за уредување на дворот кој се простира на околу 200-300 квадратни метри, а се наоѓа во населбата Глишиќ во близина на Кавадарци.

– Секој слободен миг го користи за реализирање на своите идеи – продолжува Славица.

Во дворот доминираат цвеќиња што не мрзнат зимно време, но има и салонски цвеќиња, а има посадено и бавча со зеленчук.

– Мајка ми е максимално посветена на градината и бавчата, секој миг го вложува таму и тоа го прави со голема љубов – додава нашата соговорничка.

Павлина ни објаснува дека за сонце се погодни цвеќиња што не мрзнат, а за под сенка одгледува салонски цвеќиња. Нејзин најголем предизвик е да има некои ретки видови на цвеќе, а нема што нема!

Што се однесува до овошките, тука се кивито, смоквите, црешите, вишни, грозје, калинки, јаготки, сливи, малини, кајсија и јапонски јаболка, а од зеленчук има домати, пиперки, праз, лук, кромид, марула…Тука се и зачинските билки – рузмарин, нане, рен и други.

А еве го советот од Павлина за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе.

– Идните цвеќари нека почнат прво со билки, зачин и цвеќиња што не мрзнат – советува таа.

Вредната пензионерка овошјето и зеленчукот од својата бавча ги користи за готвење на вкусни јадења и приготвување на зимница.

Браво за Павлина.

Инаку, Славица (ќерката на Павлина) е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасниот двор и бавча на Павлина. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Рај во село Секирник: „Прекрасно е чувството кога знаеш дека одржуваш нешто во живот“, Силвана ни ги нахрани очите со бои и убавини

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....