3.8 C
Скопје
09:33 - 21 декември, 2024

(Фото сторија) Балконче како бонбонче, Елена ни покажа како од мал простор може да се создаде разиграна цветна оаза

Елена Нешовска Силјаноски живее во Гостивар, по професија е дипломиран социолог, а со одгледување на цвеќиња се занимава уште од своја најрана возраст, од 7 години. Вели дека  љубовта кон цвеќињата ѝ ја пренела нејзината баба која била голем љубител на цвеќиња и уредување на  дворот.

Пред сè балкончињата треба да бидат уредени по свој вкус, свое омилено цвеќе каде што во исто време ќе им биде омилено катче за пиење кафе или да се прочита некоја добра книга. Фото – приватна архива

Елена има балконче со големина од 3 метри x 1.5 метри, а се ноѓа на источна страна.

За уредување на балконот е сама одговрна, но голема поддршка има и од нејзиниот сопруг.

– Мора да напоменам дека при изборот на цвеќиња знаеме заедно да одбереме и секако и тој  да даде свој предлог, па така секоја година балконот е различен што се однесува на видот на цвеќињата – ни открива Елена.

Во домот и балконот на Елена има најразлични видови на цвеќиња и растенија, саредлите како една од низдржливите цвеќиња, петуниите, бонбончиња, грчката импатија, кала, црвената детелина, орхидеји, зимзелени растенија, палми и уште многу други.

– За секогаш да биде уредно средено балкончето дневно бара и по две средувања, од наводнување на цвеќињата па сè до декоративното средување. Со оглед на тоа дека секогаш сакам да експериментирам и да си го декорирам своето балконче во најразлични бои знам да останам и по  неколку часа и вистински да уживам – вели Елена.

Ја прашуваме кое е нејзино омилено цвеќе и зошто?

– Бидејќи сум голем љубител на цвеќињата и како што и претходно напоменав од моја најмала возраст се занимавам со цвеќе, некако за мене се сите цвеќиња убави на свој начин и секое од нив шири посебна енергија и има своја убавина. Но ако би морала да одвојам едно од многуте омилени тоа е герберот во розова боја, а го издвојувам поради тоа што самото цвеќе зрачи со грациозност и убавина, симболизира скромност, чувство за пропорција и тајност. Во исто време, овие цвеќиња значат сила и осветленост на животот, бои на благосостојба, радост и среќа. Герберите се соодветни и како симбол на благодарност и почит – ни одговара.

Најголемиот предизвик на Елена кога е во прашање балкон е што сака и се стреми да го направи вистинска цветна оаза и на едно место да ги собере сите нејзини омилени цвеќиња.

За крај, еден совет од Елена за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња за балкон, од кои цвеќина да почнат во зависност од тоа на која страна гледа балконот?

– Мој совет за сите они кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња и уредување на балконите прво и најважно тоа да го прават со љубов и задоволство, одвојувањето време за одгледувањето на цвеќињата пред сè е благородна работа која верувајте шири позитивна енергија, а тоа се гледа преку самите цвеќиња кои изобилуваат со раскошен цвет и убавина. Пред сè балкончињата треба да бидат уредени по свој вкус, свое омилено цвеќе каде што во исто време ќе им биде омилено катче за пиење кафе или да се прочита некоја добра книга. Во зависност од која страна се наоѓа балконот  треба и да се внимава на тоа кои цвеќиња би успеали, така ако е на јужна страна – петунијата и сурфинија би била иделана за одгледување како и грчката импатија, на источна страна најдобро виреат воденките и бонбончињата, додека на северната страна најдобро вират зелените растенија кои немаат цвет, истото важи и за западната страна – ни објаснува Елена.

Инаку, Елена е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасното балконче на Елена во Гостивар. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Љубител на цвеќе, махер за фонтани, фурни и аранжирање: Ве запознаваме со Роберт и неговите ремек-дела

Слични објави

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо
Се вчитува....