12:18 - 3 април, 2026

(Фото) Станија го покажа дијамантниот веренички прстен: Се планира свадба на Карибите

Станија Добројевиќ, која зад себе има еден брак, веќе некое време ужива во љубовта со момче кое по потекло е од балканските простори, живее и работи во странство и има 38 години, исто како неа. Неодамна нејзината пријателка ги откри деталите од интимната венчавка која ја планира на Карибите, а сега старлетата го покажа и вереничкиот прстен.

Ја запросил со скап дијамантски прстен, кој Станија го покажа на Инстаграм – „Имам приказна да ви раскажам“, напиша во описот.

По раскинувањето со Марко Марковиќ, Станија повторно се заљуби и потоа зборуваше за гала венчавка на два континента со богат бизнисмен, но потоа и на таа љубов и дојде крајот, на крајот на минатата година. Набрзо таа повторно се заљуби, а како што се наведува во српските медиуми, овој пат наместо огромна свадба, планира интимна церемонија на Карибите, на која ќе присуствуваат нејзините најблиски пријатели и семејството.

„Нејзиниот избраник често патува поради работа во Америка, каде што се и запознале. Таа „одлепи“ по успешниот бизнисмен, а тој ја држи како капка вода на дланка! Никогаш претходно не била ни приближно заљубена, па не ме чуди што по само неколку месеци почна да ја планира иднината со него. Таа копнее да се омажи и да има дете“, откри пријателката на Станија за српските медиуми и раскажа како поминала свршувачката.

„Ми се јави минатиот месец и ми кажа дека се свршила! Ми кажа дека таа и нејзиното момче биле на одмор во Лас Вегас и дека тој ја запросил таму. Тој подготвил романтична вечера на балконот од хотелот во кој биле, а потоа го извадил прстенот. Таа беше воодушевена! Сега се заедно во Мајами и ќе останат таму до свадбата. Сето тоа ми се чинеше пребрзо, па ја прашав дали е бремена, но ми рече дека не е“.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....