23:45 - 9 јануари, 2026

(Фото) Станија го блокираше љубоморниот дечко, па со фотографиите го направи уште пољубоморен

Српската старлета Станија Добројевиќ веќе неколку недели е во Америка, од каде што секојдневно објавува фотографии. Таа е позната по своите провокативни изданија, па ни овој пат не остави никого рамнодушен.

Црн костим за капење кој едвај ги покрива интимните делови е само една од фотографиите што Станија секојдневно ги објавува на своите социјални мрежи.

Instagram

Долго време во медиумите се шпекулира за тоа со кого Станија Добројевиќ е во емотивна врска и дали нејзината емотивна врска со Асмин е завршена.

Според последните објавени информации, Станија Добројевиќ и Асмин Дурџиќ наводно ставиле крај на својата љубов. Старлетата, според понатамошните написи на некои медиуми, го блокирала избраникот на социјалната мрежа Инстаграм, што многумина ги навело да помислат дека славниот пар набргу потоа раскинал.

Instagram

Причината, како што се наведува, била „неговата болна љубомора што таа повеќе не можела да ја поднесе“.

– Станија одлучи да го блокира Асмин на сите социјални мрежи, бидејќи беше многу повредена од неговите постапки. Таа чувствува огромен притисок бидејќи тој не може да ја разбере нејзината работа и популарност – изјави извор за „Информер“, зборувајќи на оваа тема.

– Таа беше подготвена да биде во врска со него, но сега се сомнева дека тој е вистинската личност за неа. Станија сега е фокусирана на себе и на својата кариера. Нема повеќе простор за компромиси – заклучил изворот, а старлетата, која не се огласи во врска со распадот на врската, секако ги почести своите онлајн фанови со провокативни фотографи.

Instagram

По гласините за раскинувањето се огласи и Асмин, кој истакнува дека „се обидел да ѝ покаже на Станија кој е мажот во врската“, но…

– Се обидов да ѝ покажам на Станија кој е мажот во нашата врска, но на крајот добив блок. Многу сум љубоморен. Иако нема причина, бидејќи Станија не ми дава причина за тоа, едноставно таков сум. Знам каква жена имам до мене – таа ги има сите квалитети и изгледа како вистинска бомба – рече Асмин, пренесе Телеграф.рс.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....