3.8 C
Скопје
00:48 - 20 март, 2026

(Фото) Средба Ковачевски – Санчез, модни близнаци кои ги „издава“ само вратоврската

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го пречека премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез на својата прва официјална посета на Република Северна Македонија. И како претходно да се договориле, двајцата за оваа прилика одбраа класични темносини костуми, со не многу модерен крој, во очекувана комбинација со бели кошули.

Ковачевски – со вратоврска во идентична нијанса со костумот (прездодевно), додека Санчез одбрал светло виолетова вратоврска (малку модна надеж).

фото Влада.мк

Каков е стилот на еден од најзгодните политичари во светот?

Според шпанските модни критичари, и написите објавени во шпанските весници, досега, „гардероберот на Педро Санчез има изглед сличен на оној на Барт Симпсон“: бесконечна низа закачалки со идентични темносини костуми, по некој сив костум, бели кошули и „измиени“ рамни фармерки. Бесконечно повторување со кое е стилски успешен во дневните и ноќни настани, официјалните средби, изборните кампањи и разни прослави.

Сепак, во последно време, пофални критики во однос на разбивањето на здодевноста на официјалниот изглед, пристигнаа на „адресата“ на Санчез. Малку модернизирајќи го изгледот, неговиот гардеробер се збогатил со светло сини кошули и сини кошули со бели јаки. Што се однесува до вратоврските пак, црвените кои порано често ги носел, сега се заменети со помодерни, сини со дискретни принтови, или како во случајот на денешниот моден избор – во нездодевни нијанси.

фото – Влада.мк

Што е со вратоврските и електричната енергија?

Во ред, средбата со Ковачевски беше официјална, па Санчез не го видовме како на дело ја применува идејата која ја предлоѓи само пред три дена. Имено, шпанскиот премиер во петокот упати поканата до вработените да се облекуваат понеформално за да не ја трошат се поскапата енергија. На прес конференцијата тој се појавил без вратоврска и ги повика сонародниците да го следат неговиот пример со оглед на планот за мерки за заштеда на енергија што Мадрид се подготвува да го започне.

(Фото) Кој е Педро Санчез, шпанскиот премиер кој му го зеде жезолот на најсекси политичар од Џастин Трудо

„Ги замолив министрите, сите вработени во јавниот сектор, а би сакал да го замолам и приватниот сектор, ако веќе не сте го сториле тоа, да не се носи вратоврска кога тоа не е потребно“, рече социјалистот.

Е сега каква релација има заштедата на електрична енергија со вратоврските (барем за нас) останува мистерија. Да стануваше збор за чорапи, кои секојдневно се перат, некако ќе ни беше појасно, а вака…, простено му е поради изгледот.

Ќе се сретне ли Педро Санчез без вратоврска со Ковачевски? Шпанскиот премиер тукушто даде интересна идеја за заштеда на енергија, а добро е Ковачевски да внимава и на климатизерот

 

 

 

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....