7.8 C
Скопје
04:56 - 2 април, 2026

(Фото+видео) Сораја ја сними Северина како ја пее баладата што му ја посвети на синот и плаче: Ѝ испрати силна порака

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ синоќа одржа многу емотивен настап на Јахорина, а на концертот синоќа убаво се забавувала и српската старлета Сораја Вучковиќ, пишува српски „Телеграф“.

Имено, по едно трогателно и емотивно обраќање до публиката, Северина во еден момент ја изведе песната „Rođeno moje“ која ја посвети на својот син Александар.

Со оглед на тоа дека во моментот поминува низ многу тежок период, бидејќи пред неколку дена Врховниот суд ѝ го одзема старателството над синот Александар кој го доби во врската со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, таа со особена емоција ја изведе песната.

Северина додека ги пееше стиховите на емотивната, целосно се „скрши“ и во еден момент заплака, а Сораја го снимила тој момент.

Сораја го снимила овој емотивен момент и го објавила на својата инстаграм-приказна, каде додала и неколку емотикони.

Емотиконите срце, бебе-ангел и мајка што го држи бебето в раце – очигледно Сораја песната му ја посветила на синот, но, веруваме, и како одредена поддршка за Северина која поминува низ најтешкиот период, како мајка на која ѝ е ускратено правото да биде со својот син.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....