14:09 - 1 април, 2026

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Северина објави нови фотографии од Малдиви, а целото внимание го украде нејзиниот фустан. Насмеана позираше во розев лелеав долг фустан од Макс Мара чија цена на интернет е околу 2.800 евра. Моментално може да се најде на попуст за 1700 евра.

Во описот на фотографијата цитираше песна од Ѓорѓе Балашевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Секогаш твоја“, „Убава Севе“, „Нашата дива“, „Убавица“, „Прекрасен фустан“ беа коментарите на нејзините следбеници и обожаватели под објавата.

Северина во последните неколку дена често објавува дека ужива на Малдиви. Таа на Инстаграм објави серија фотографии од летниот одмор, а друштво и правеше Андреа Чермак, снаата на генералот Иван Чермак. Имено, Андреа ѝ беше кума на Северина на нејзината свадба со Игор Којиќ, а познатата пејачка ѝ возврати на Андреа на нејзината свадба со Хрвој Чермак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Добро друштво, добри книги, омилен парфем, море, сонце, песок… Колку убав живот. Ние две од 2001 година“, напиша Северина во описот на објавата.

Меѓу многуте моменти кои ги објавила била и фотографија од книга која ја чита на плажа. Северина решила со себе да ги понесе книгите „Надежта“ на Анте Томиќ, „Како да умреш без стрес“ на Ведрана Рудан и „Паноптикум“ на Драган Гага Поповиќ. Инаку, книгата на Анте Томиќ минатата година беше хит во книжарниците.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....