6.8 C
Скопје
08:44 - 14 март, 2026

ФОТО | Северина му го честиташе роденденот на синот: Само биди добар човек и биди ми среќен

Синот на Северина, Александар денеска го слави својот 13 роденден, а пејачката му посвети емотивна објава по повод неговиот посебен ден.

“Веќе 13 години имам многу среќа да живеам со едно убаво, сега – момче. Паметно, мудро, можеби премногу за неговата возраст… И искрено момче. Сè му е за гордост. И јас гордо чекорам до него. Понекогаш гледајќи во ѕвездите, а понекогаш читајќи лектира. Тие растат брзо, толку брзо што немате време да кажете: Еј, каде и да одиш, само биди добар човек и биди среќен, само биди ми среќен. Среќен роденден, мојот прекрасен сине“, напиша Северина во описот на заедничките фотографии од Малдиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

За потсетување, Северина го имаше Александар со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кој водеше правна битка за старателството. Во 2021 година, окружниот суд во Сплит донесе одлука за заедничко старателство.

Но, на крајот на 2019 година, судијката Теа Голуб донесе времена мерка и одлучи Александар да продолжи да живее со својот татко, кој „самостојно се грижеше за здравјето и образованието на детето“. На денот на пресудата во ноември 2019 година, Северина морала веднаш да му го предаде синот на неговиот татко. По мачна и долга борба и судење, Александар на крајот е вратен кај Северина.

Пејачката својата љубов кон синот Александар ја испеа во песната „Роџено моје“, во која се препознаа илјадници мајки и татковци од целиот регион. Северина ја објави во 2019 година, а до денес песната собра повеќе од 41 милион прегледи на Јутјуб.

Слични објави

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо
Се вчитува....