12:02 - 7 ноември, 2026

(Фото) Северина ги распамети обожавателите: Пејачката се појави во секси фустан на Викторија Бекам од 1.850 евра

Пејачката Северина неодамна беше на одмор во Франција, од каде сподели неколку фотографии кои сведочат за нејзиното заслужено опуштање и одмор.

Имено, пејачката престојуваше во францускиот приморски град Бијариц, а на својот профил на Инстаграм покрај убавините на оваа атрактивна туристичка дестинација, објави и неколку незаборавни модни комбинации.

Најголем впечаток пејачката остави со романтичното издание во фустанот на британската дизајнерка Викторија Бекам. Северина на фотографиите позира во провокативен бел фустан, со смело деколте до папокот. Таа предизвика многу позитивни реакции за изборот на фустан.

„Најубава си“; „Колку добро ти стои овој фустан“; „Слатко“; „Секогаш си толку елегантна“; „Убавица“, се дел од коментарите под објавата.

Инаку, станува збор за фустан од колекцијата „подготвени за носење“ (ready to wear) за пролет и лето 2024 година на Викторија Бекам, а изработен е од вискоза и сатен. Задниот дел е отворен, со исклучок на тенка лента каде што се спојуваат прерамките и која паѓа по должина на грбот, а неговата целосна цена беше 1.850 евра пред да биде ставен на попуст.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....