22.8 C
Скопје
09:03 - 11 септември, 2026

(Фото) Семејството на Брус Вилис е загрижено за менталното здравје на ќерката Талула: Девојчето е во тешка депресија, тежи едвај 42 килограми, се бори со бордерлајн

Поради болеста на нејзиниот татко и траумите кои ги доживува како татко ѝ тоне, ќерката на Брус Вилис покажува знаци на нарушено ментално здравје.

Додека гледа како здравјето на нејзиниот татко се влошува, Талула Вилис страда поради болеста на нејзиниот татко повеќе од кој било од нејзините браќа и сестри, известуваат амриканските медиуми.

Семејството точно знае низ што минува Брус Вилис, а новиот напис на Радар онлајн сугерира дека ќерката Талула Вилис има навистина тешки моменти да ја прифати оваа нова реалност. Всушност, според Радар онлајн, целото семејство Вилис сега е загрижено и за нејзиното ментално здравје. Најголемиот проблем е што дури и Брус Вилис, кој не е секогаш „при себе“, сепак, може да ја забележи комплицираната ситуација на Талула, а тоа многу го растажува.

Сè што моментално се случува со нејзиниот татко не би можело да дојде во помалку среќен момент за семејството Вилис – Талула јавно се бори против депресијата и анорексијата што ја доведедо алармантна тежина од само 42 килограми.

Дијагнозата на фронтотемпорална деменција на Брус, успеа само да ја продлабочи тагата што ја чувствува Талула и целото семејство е длабоко загрижено за неа. На 29 години, Талула се обидува да помине што е можно повеќе време со нејзиниот татко, но нејзиното однесување можеби не е најдоброто друштво за Брус.


Среде оваа деликатна состојба во која се наоѓа Брус Вилис, семејството одлучило дека колку помалку време Талула поминува со нејзиниот татко, толку е помала веројатноста дека тој ќе страда гледајќи ја својата ќерка како ги преживува нејзините проблеми.

Инаку, на Талула уште додека Брус беше здрав ѝ беше дијагностицирано гранично растројство на личноста откако раскина сонејзиното поранешно момче. Всушност, самата Талула откри дека морала да се провери во ментална институција за да ги лекува нејзините проблеми. Накратко, Брус и Талула Вилис станаа штетни еден за друг за менталното здравје. Талула неодамна напиша личен есеј за Вог каде детално ги опишува нејзините проблеми со менталното здравје.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.
Се вчитува....