-3.2 C
Скопје
00:58 - 18 декември, 2025

(ФОТО) СЕДУМ ТИТУЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА на LITTLE MISS & MISTER GALAXY 2022, Македонците лом направија!

Фантастичен успех за Македонија вчеравечер во Банско, Бугарија, каде се одржа детски избор за убавина, Little Miss & Mister Galaxy 2022, на кој се претставија шест деца во различни возрасни категории и ситеуспеаја да освојат титули.

фото – приватна архива

Малиот Михаил Михаилов (5) од Куманово го освои првото место и титулата LITTLE MISTER GALAXY 2022 GRAND PRIX.
10годишната Нина Црнокрак од Скопје исто така го освои првото место и титулата LITTLE MISS GALAXY 2022 GRAND PRIX.
Матеја Дудиќ Дамјаноска, (12), од Тетово ја освои титулата победничка PRE-TEEN GALAXY 2022 (до 12г).
14годишната Дора Стефанова од Скопје ја освои титулата победничка MISS TEEN GALAXY 2022 до 15 години возраст.
Јована Угриноска (16) од Прилеп ја освои титулата победничка MISS TEEN GALAXY 2022 во конкуренција до 17 години.
И шестата наша претставничка, 13годишната Елена Додевска од Скопје освои две титули, LITTLE PRINCESS GALAXY 2022 и специјална титулата од општината Банско која беше покровител на манифестацијата.

Модното студио Црнокрак чии членови се сите овие дечиња и кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој голем детски интернационален избор за убавина од Бугарија се враќа дури со 7 титули.

Изборот се одржа во хотелот ГРАНД во Банско, во организација на модната агенција INTERSOUND од Софија, која 12 години по ред е домаќин на оваа манифестација.

Нашите дечиња на изборот се претставија во модели од Елена Лука, Бамбисимо, Пиколини, Пепика Атеље, Луме Дизајн, Аполо, Нептун.

Фото – приватна архива

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....